Белгискиот дипломат Фридрих Фон Холштајн (1837-1909) бил познат како голем гурман. Но посебно го нервирало, бидејќи постојано бил во движење, што ниту еден оброк не можел мирно да го изеде, онака по ред, од предјадење до десерт. Секогаш нешто го одвлекувало од масата, на која неговата готвачка изнесувала вистински мајстории од кујната.Така еден ден и наредил да сервира се одеднаш од предјадење до десерт, од причина што и да морал да стане за петнаесет минути ќе ручал набрзина од се по малку, не изоставувајќи ниту еден специјалитет. Во голема чинија му ставила огромна бечка шницла покриена со јајце пржено на око, гарнирано со солени сардини, резанки лимон и зрнца капар.На дипломатот толку многу му се допаднал оброкот, што потоа секогаш кога имал гости барал да се служи, а му додавал и кавијар и чаден лосос по желба на гостите.Јадењето останало запомнето во историјата како Холштајн Шницла.
Како се прави Холштајн Шницла:
Потребни се 4 телешки или свински шницли од по 150 грама, 5 јајца, 3 лажици брашно, 3 лажици лебни трошки, 8 солени филети од сардине, тегла капар, лимон, сол,бибер, масло и путер.
Шницлите е потребно да се исчукаат добро со чук за шницли, па секоја од нив се става во брашно, потоа во матено јајце и на крај во лебни трошки, па се пржи од двете страни во врело масло.Јајцето на око посебно се пржи на путер.Во секоја чинија прво се става шницлата, па јајцето врз неа, а филетите се редат околу шницлата, како и зрната капар и кришките лимон.Овој рецепт е за четири особи.