Фридрих Ниче, најоригиналниот и најпопуларен германски филозоф и писател на проза од крајот на деветнаесетиот век, беше вистински женомрзец.Но таа негова омраза не беше без причина, ако се знае дека Ниче никогаш во својот живот не се женел, никаде не е запишана некоја негова авантура со спротивниот пол, а во своите дела жените ги третирал со потценување, тврдејќи дека тие се нежни и драгоцени суштества, но и опасни играчки.
Според Ниче жената е преодредена за домашни работи, но не и за јавна работа, а тие жени кои се учени веројатно имаат некој физиолошки недостаток или пореметување.Сепак во 1882 година ја доживува својата единствена, голема и несреќна љубов.
Во тоа време големата госпоѓа Малвида Фон Мајзенбург ги организирала најдобрите вечери на кои се служеле многу гурмански специјалитети и се слушале најинтересните гурмански приказни кои ги измислувала нејзината одлична готвачка.На една таква прекрасна вечера, првпат била послужена ПЕЧЕНИЦАТА МАЈЗЕНБУРГ и како за чудо на неа присуствувал и Ниче.Тој уживал во убавото друштво и во вкусното јадење кое цело време го фалел, но последниот залак му заглавил во грлото кога на вратата се појавила стројната и преубава дваесетгодишна девојка, Лу Салома.Оваа девојка од Финска, не само што била прекрасна, туку била и начитана и образована, со извонредно бистар ум.Запознавајќи го познатиот писател, кој во тоа време бил на 38-годишна возраст, со восхит и почитување говорела за неговите дела кои многу добро ги познавала.Фридрих Ниче бил освоен, разоружан,се однесувал како да е под некаква магија.Лу Салома пак се држела воздржано кон Ниче, но сепак му испеала и му посветила две песни, БОЛ и МОЛИТВА ЗА ЖИВОТОТ.Занесен од љубовта Ниче подоцна пишува писма во кои на своите пријатели им ја отвора својата душа.Но неговата занесеност почната во таа пролетна вечер, гасне со доаѓањето на есента.Лу Салома му става до знаење на Ниче дека му се восхитува како на писател, но дека својата љубов му ја подарува на неговиот пријател Рене.Скршен од болка големиот писател неколкупати се обидува да се убие со голема доза на лекови кои ги земал за несоница и главоболки.Но болката малку од малку поминува, и Ниче полека се враќа на својот живот.Се предава на својата работа и до крајот на својот живот ниедна друга жена не успева да го заинтересира.Така во едно писмо на Госпоѓата Мајзенбург и вели:Ќе дојдам на вечера, но немојте веќе никогаш да ме послужите со фаталната за мене ПЕЧЕНИЦА МАЈЗЕНБУРГ. .
ОРИГИНАЛНИОТ РЕЦЕПТ ЗА ПЕЧЕНИЦАТА МАЈЗЕНБУРГ ВЕЛИ:
Се замесува тесто од половина килограм брашно, пакетче квасец нараснат во млеко, млака вода и лажичка сол.Се остава тестото да нарасне 30 минути.Потоа се обработува добро со раце, и од него се прави правоаголник 30х40 сантиметри.На тестото се става динстана кисела зелка(ситно дробена) 300 грама и се побиберува.Во средина се ставе парче димена печеница, се витка како ролат и се пече на 220 степени дваесет минути до половина час.