почетна | гурмански приказни | емисија | утринска програма | продукција

ФИОРЕНТИНА НА ЖАР
 

Фиренца  е град каде љубовта е уметност и овој град едноставно мора да се види. УНЕСКО проценува дека 60% од светското наследство се наоѓа во Италија, а повеќе од половина се наоѓа во Фиренца.Таа се наоѓа во северозападниот дел од Италија, опкружена со ридови.Ретко кој може да и одолее на  катедралата во градот кој го добил името по цвеќето.Но големиот број на туристи секојдневно во сообраќајот создава големи мешаници движејќи се низ тесните улички.Инаку Фиренца се нарекува и град на Ренесансата голем дел на неговите богатства му ги должи на Средниот век.Семејството Медичи кое владеело 300 години со градот е одговорно за процутот на уметноста во градот.Тука се сликите на Ботичели, скулптурите на Микеланџело и рустичната палата, но тука може да се ужива и во обединетите бои на Бенетон.Тука може да се јаде и единствениот разладен природен сладолед каков што нема нигде во светот а во Скопје може да се најде само во ресторанот Џино.Тука се и познатите пури Тоскано познати како пури за уомини верy-или на македонски вистински луѓе.Но постојат и работи кои не треба да ги правите во Фиренца.Не треба да одите на Станицата Санта Марија Новела во центарот на Фиренца, не треба да купувате златни работи на Понте Векио, затоа што некој може да ве измами и не треба да купувате од улични продавачи кои ви нудат предмети кои се фалш. Исто така летно време избегнувајте ги парковите затоа што се полни со комарци.

<< | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | >>
 
Copyright, Del Rio Films 2010